Тренерот на Барселона, Ханси Флик, зборуваше пред утрешниот финален натпревар од Кралскиот Куп против Реал Мадрид, кој ќе се игра во Севиља.
Вели дека секогаш е добро да се игра пред такви навивачи, а стадионот изгледа неверојатно и мора да уживаат во него и да дадат сè од себе.
-Мора да се бориме. Започнавме патување на почетокот на сезоната и имаме шанса да освоиме три титули. И тоа е нашата цел. Иако знаеме дека е тешко, Мадрид е фантастичен тим. Имаме многу млад тим и тоа е одлично искуство. Крајот е секогаш различен, нема фаворит, изјави Флик.
За Реал Мадрид и Анчелоти, вели дека сака неговиот тим да ги почитува своите противници.
-Мадрид е одличен клуб и ние мора да го почитуваме тоа... но сакаме да се бориме цели 90 минути. Да дадеме сè од себе и да ја освоиме титулата, тоа е целта. Тие имаат фантастичен тим и можат да ни наштетат. Мораме да си ја завршиме работата, да го покажеме тоа на теренот и да работиме напорно. За Анчелоти, ситуацијата е иста како и за мене. И двајцата сакаме да победиме во ова финале, додаде тренерот на „блауграна“.