Деканот на Факултетот за спорт и физичко воспитување на Универзитетот во Нови Сад, Патрик Дрид, кој околу пладне се обиде да влезе во зградата на факултетот и да ја пробие студентската блокада, беше избркан од собраните студенти и граѓани. Студентите најавија дека ќе останат во целосна блокада се додека не се исполнат барањата, за поништување на одлука за онлајн настава и ги повикаа граѓаните да им помогнат доколку има нови обиди за пробивање на блокадата на факултетот.

По повеќе од три часа тензична атмосфера пред факултетот, припадниците на полицијата, интервентната единица и жандармеријата се повлекоа.

Додека жандармеријата се обидуваше да му дозволи на Дрид да влезе во зградата, насобраните извикуваа „Оставка и затвор“.

Откако го спречија да влезе низ задниот влез од факултетската зграда со помош на жандармеријата во опрема за разбивање нереди, студентите го избркаа деканот, полевајќи го со вода и фрлајќи и јајца кон него и кон полицијата.

Деканот беше прифатен во амбулантно возило за да побара помош, но студентите го опколија возилото тврдејќи дека не е повреден, туку дека сака да избега. Тие ги издупчија гумите на возилото на Брзата помош со пораката „Сега ќе пумпате“. Подоцна, жандармеријата формираше кордон и му дозволи да си замине откко претходно го извлече од возилото на Брзата помош.

Студентите ги вратија барикадите на задниот влез на факултетот откако полицијата си замина, а потоа поставија метална ограда. Меѓу собраните пред зградата на Факултетот образование беа присутни студенти, граѓани и воени ветерани, како и функционери од опозицијата, пратеници и градски советници.

Претходно, припадници на полицијата, употребија сила врз луѓето собрани пред зградата на Факултетот, удирајќи ги и туркајќи ги со штитови, удирајќи ги со палки и прскајќи им солзавец во очите. Повредена е една студентка, јавија новодаските медиуми.

Медицинските екипи им пружиле помош на неколку повредени, а на местото на настанот биле присутни и неколку возила на брзата помош.

Меѓу повредените се и двајца професори од Филозофскиот факултет.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, се обрати до јавноста по инцидентите во Нови Сад.

- Полицијата беше нападната за време на нејзината задача. Патрик Дрид, декан на Факултетот, беше повреден. Се поставува прашањето кој е таму. Дојдовме на повик на деканот на тој факултет. Се повеќе повреди и насилство. Полицијата го однесе деканот во болница, бидејќи студентите не дозволиле да помине амбулантно возило. Против сите ќе бидат поднесени кривични пријави - рече Дачиќ и го осуди денешното насилство во Нови Сад.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека секоја блокада е чисто насилство и бандитство, и дека граѓаните се повеќе ја осудуваат и се спротивставуваат на неа, како и дека државата во одреден момент ќе избере кога да одговори на насилствата.

Јадранка Косор, поранешна премиерка на Хрватска, реагираше на ситуацијата пред Факултетот во Нови Сад. Таа дури ја „тагна“ и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на социјалната мрежа X, прашувајќи ја за мислење за сликите што доаѓаат од Србија. „Полицијата тепа деца. Ужасни слики од Србија. Што вели @vonderleyen“, напиша Косор.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/04/2025 22:27