Српската полиција се повчеле попладнево од пред Факултетот за спорт и физичко воспитување во Ново Сад откако претходно употреби сила за да растера демонстранти пред таа установа. Ова е првпат од почетокот на студентските протести блокада да се пробие со употреба на полициска сила и сигурно првпат во историјата на Универзитетот во Нови Сад деканот да дојде со полициски кордон кај своите студенти, јавија новосадски медиуми.
Студентите во блокада на факултетите во Нови Сад, заедно со граѓани, ја организираа денеска акцијата „Утринска вежба“ пред зградата на тој факултет, по што се појави деканот Патрик Дрид кој сакаше да влезе во факултетот, а насобраните луѓе го спречија во тоа.
Окоу пладне ситуацијата ескалираше - дојде во судир меѓу граѓаните и полицијата. Деканот претходно изјави дека бил спречен да влезе на работното место и затоа го искористил своето законско право да ја повика полицијата. Според него, денеска требало да се одржи состанок и да се споредат податоците на администрацијата на факултетот и студентите во блокадата, за да се открие кој има мнозинство - оние што сакаат да студираат или оние што сакаат блокадата да продолжи.
Околу 11 часот, жандармеријата во полна опрема за разбивање демонстрации почна да ги потиснува со штитови студентите и граѓаните кои стоеја на влезот од факултетот. Припадниците на полицијата не успеаја да ја пробијат блокадата во првиот обид, а собраните граѓани ги повикаа да ги спуштат штитовите и да покажат дека се со народот.
Полицијата и жандармеријата фрлија солзавец кон демонстрантите и ги истуркаа подалеку надвор од влезот при што користеле и пендреци. Деканот на тој факултет излезе низ задната врата додека насобраните трчаа по него, фрлаа кон него со вода и јајца, јавија новосадските медиуми.
Жандармеријата го извлече деканот Дрид од амбулантното возило, кое собраните студенти и граѓани не сакаа да го пуштат да помине. Жандармеријата потоа формираше кордон низ кој помина деканот и го испрати понатаму до друга улица за да може да замине.
Студентите најавија дека ќе останат во целосна блокада се додека не се исполнат барањата, и ги повикаа граѓаните да им помогнат доколку има нови обиди за пробивање на блокадата на факултетот. Студентите ги вратија барикадите на задниот влез на факултетот откако полицијата си замина, а потоа поставија метална ограда. Меѓу собраните пред зградата на Факултетот образование беа присутни студенти, граѓани и воени ветерани, како и функционери од опозицијата, пратеници и градски советници. Медицинските екипи им пружиле помош на неколку повредени, а на местото на настанот биле присутни и неколку возила на брзата помош. Меѓу повредените се и двајца професори од Филозофскиот факултет. Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, се обрати до јавноста по инцидентите во Нови Сад.
Полицијата беше нападната за време на нејзината задача. Патрик Дрид, декан на Факултетот, беше повреден. Се поставува прашањето кој е таму. Дојдовме на повик на деканот на тој факултет. Се повеќе повреди и насилство. Полицијата го однесе деканот во болница, бидејќи студентите не дозволиле да помине амбулантно возило. Против сите ќе бидат поднесени кривични пријави - рече Дачиќ и го осуди денешното насилство во Нови Сад. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека секоја блокада е чисто насилство и бандитство, и дека граѓаните се повеќе ја осудуваат и се спротивставуваат на неа, како и дека државата во одреден момент ќе избере кога да одговори на насилствата. Јадранка Косор, поранешна премиерка на Хрватска, реагираше на ситуацијата пред Факултетот во Нови Сад. Таа дури ја „тагна“ и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на социјалната мрежа X, прашувајќи ја за мислење за сликите што доаѓаат од Србија. „Полицијата тепа деца. Ужасни слики од Србија. Што вели @vonderleyen“, напиша Косор.
Група професори од Факултетот за спорт и физичко образование при Универзитетот во Нови Сад испратија отворено писмо до јавноста. „Остро го осудуваме насилството на полицијата врз нашите стиденти и граѓани и ги повикуваме надлежните органи да утврдат одговорност за несоодветната употреба на сила врз мирните демонстранти и да ги гонат одговорните лица“.
По инцидентите соопштение испрати и Брзата помош од Нови Сад во која наведуваат дека во Ургентниот центар се префлени четири лица со посериозни повреди. Градоначалникот на Нови Сад, Жарко Миќин, го осуди насилниот упад на Факултетот за спорт и физичко образование во Нови Сад и малтретирањето на деканот Патрик Дрид.
„Бруталниот напад на политичарите и политичките активисти врз полицијата и насилната инвазија врз зградата на Факултетот претставуваат политички тероризам, неприфатливо кршење на законот и најдиректен напад врз демократијата, б езбедноста на вработените и слободата на универзитетот“, објави Миќин.