На регионалниот пат Тетово-с.Јажинце вчера во 16.10 часот полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Н.Л.(49) од Тетово.

Како што денеска соопштија од МВР, тетовецот е приведен затоа што управувал патничко моторно возило „хонда“, со тетовски регистерски таблици, со брзина од 111 км на час на место каде максимална дозволена брзина е 50 км на час.

Н.Л. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде изготвен соодветен поднесок по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2025 04:17