Кумановската полиција и пазарниот и трудов инспекторат извршиле контрола на три угостителски објекти, легитимирале 26 лица, а пазарната инспекција изрекла четири глоби, соопшти денеска СВР Куманово.

Контролите, како што соопшти полицијата, биле извршени врз основ на претходно изготвен план, во периодот од 22:00 до 02:00 часот на 27/28 април годинава.

Полициски службеници од СВР Куманово во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд извршија контрола на три угостителски објекти на подрачјето на СВР Куманово. При контролата, извршено е легитимирање на 26 лица, а од страна на Државниот пазарен инспекторат изречени се четири глоби на правни и физички лица кои работеле спротивно на одредбите од Законот за угостителство.

Претходно во Куманово на 24 април годинава полицијата и Државниот пазарен и Државниот инспекторат за труд извршија контроли на четири угостителски објекти и легитимираа 18 лица. Тогаш пазарниот инспекторат изрече осум глоби, а трудовиот четири на физички и правни лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2025 04:48