Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, дава лоша оценка за целокупната кампања на тимот. Екипата на Рубен Аморим разочара на домашната сцена, но е полуфиналист во Лигата на Европа и има шанса да стигне до трофеј.

-Манчестер Јунајтед беше целосен неуспех во Премиер лигата оваа година. Тешко е да се гледаат, а повторно беа лоши против Борнмут. Лигата Европа им даде здив на свеж воздух. Но, освојувањето на неа нема да им ја спаси сезоната бидејќи Премиер лигата е нивна егзистенција и таму ќе им се суди, и мислам дека Аморим го знае тоа. Има светлина на крајот од тунелот со Лигата на Европа, особено за навивачите. Тие имаат тежок натпревар против Атлетик Билбао, кој е еден од најдобрите тимови на турнирот. Мислам дека фактот што го играат реваншот дома е во нивна корист, изјави Сколс за „ТНТ Спортс“.

Смета дека доколку реваншот бил на гостински терен, на „црвените ѓаволи“ ќе им било тешко да продолжат понатаму, но ако можат да постигнат добар резултат таму, публиката на „Олд Трафорд“ навистина би можела да им помогне да се квалификуваат во финалето.

-Не можат да се сметаат за фаворити за победа поради нивната неконзистентна форма, но од четирите екипи имаат исто толку добри шанси како и сите други, додаде легендата на Јунајтед.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/04/2025 04:27