Враќањето на тројцата кинески астронаути на Земјата е одложено поради неповолни временски услови.
Астронаутите Цаи Суже, Сонг Лингдонг и Ванг Хаозе, кои требаше да слетаат денеска во Донгфенг, северна Монголија, по шест месеци поминати во вселената, ќе мора уште да почекаат поради лошите временски прилики.
Според официјалните информации на кинеската агенција Синхуа, одлуката за одложување е донесена со цел да се „гарантира здравјето и безбедноста на астронаутите“.