Бразилецот Родриго полека се „губи“ под сенката на Килијан Мбапе во Реал Мадрид оваа сезона, а од него ни трага ни глас во големите натпревари од Лигата на шампионите и финалето на Купот.

Информациите од Шпанија велат дека спортскиот оддел на Реал Мадрид одлучил да го продаде Бразилецот во текот на летото. И тоа за цена од 150 милиони евра.

Бразилскиот интернационалец има договор до јуни 2028 година, поради што Мадрид поставува висока откупна цена бидејќи, пред сè, играч со негово реноме секогаш може да најде тим во Саудиска Арабија. Сепак, екипите од Премиер лигата се заинтересирани за Бразилецот, пред сè Манчестер Сити и градскиот ривал Јунајтед.

На Сити му недостасува еден елегантен играч на крилната позиција, бидејќи ги имаат само Џереми Доку и Савињо, додека Бернардо Силва веројатно ќе замине на крајот од сезоната.

Јунајтед е многу „слаб“ во однос на квалитетот на крилната позиција и ако успеат да го доведат Родриго, тој ќе има многу простор да се докаже. Единственото прашање е дали Бразилецот сака да се приклучи на тим кој сè уште не обезбедил учество во Европа.

Во секој случај, Реал има намера да го продаде Родриго и да му даде повеќе простор на Ендрик, а воедно да го ослободи буџетот за нови инвестиции.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/04/2025 05:25