“Зошто, како и што” - е најновиот аудиовизуелен проект на Џоле, член на скопската рап група Токсиколози. Проектот претставува интимна рефлексија и внатрешен дијалог, кое ги отсликува прашањата што постојано ни се вртат во мислите – за себе, но и за колективот со кој го делиме просторот на делување. Проектот е реализиран во соработка со Гоги Полизов , кој се погрижи за видеото и музиката.

Токсиколози – Џоле и Кацар најавуваат и нов заеднички проект во соработка со Драги (Druggy) – проект кој ќе го означи следниот чекор во нивната музичка еволуција.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2025 12:29