Претседателот на СДСМ Венко Филипче во вечерашниот поткаст „Политиканти“ конечно призна дека има златна визa за Дубаи. Ја правда со тоа дека „не е поврзана со никаква форма на инвестиции“.

Пред да се кандидирам за претседател на СДСМ и претходно за пратеник бев во преговори за работа со една болница во Дубаи и добро напредуваа преговорите. Меѓутоа откако станав претседател на партијата тие преговори останаа на стенд-бај, тоа е и причината зошто имам виза за Дубаи, рече Филипче.

На прашањето зошто оваа приказна не била кажано порано, Филипче одговори дека мисли дека треба сите да се обидат нивото на политичка дискусија, дебата и култура да се промени.

Кон крајот на април, лидерот на опозицијата, имаше друга изјава пред медиумите.

Немам виза која е поврзана со инвестиции, немам виза која е поврзана со недвижнини, немам илјадници евра, немам сметки. Немам виза која е поврзана со милиони, авиони, камиони. Едноставно имам само виза која што ми овозможува да патувам, одговори Филипче на прашање на Телма телевизија пред две недели.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/05/2025 02:06