Девојче било удрено и повредено од автомобил вечерва околу 19 часот на скопскиот булевар „Партизански одреди“ во близина на Сити мол.
„Во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Партизански Одреди” во Скопје патничко возило „мини морис” со скопски регистарски таблици, управувано од Л. Т. (19) од Скопје удрило во пешакот О.П.. По несреќата, пешакот е пренесен во ГОБ „8 Септември” за укажување лекарска помош. Во тек е увид“, информираа од Министерството за внатрешни работи.