Станува збор за објектот на улица „Евлија Челебија“ бр. за, кој е еден од најстарите дуќани за боење текстил. Со проектот за конзерваторско-реставраторски интервенции, кој го изведуваат стручни екипи на Конзерваторски центар-Скопје, се зачуваа неговите архитектонско-стилски вредности и се овозможи враќање на автентичниот изглед на фасадата на овој објект.
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека овој дуќан датира од почетокот на 20 век и содржи автентично зачувани архитектонски карактеристики типични за дуќаните од тој период.
- Овде се негува еден занает, бојадисување ткаенини. Тоа е една технологија која со години ја работат сопствениците, ја наследуваат и идејата е да ја пренесат на младите, рече Канческа-Милевска.
Со проектот за конзерваторско-реставраторски интервенции, кој го изведуваат стручни екипи на Конзерваторски центар-Скопје, се зачуваа неговите архитектонско-стилски вредности и се овозможи враќање на автентичниот изглед на фасадата на овој објект. Министерката за култура информира дека се променети целиот покрив, фасадата и прозорците на дуќанот, за што се издвоени 2 милиони денари. Зачувани се и казаните каде се обработуваат и бои ткаенината. Сопствениците, како што рече, изразија задоволство од се што е направено и што ќе можат да продолжат со својата работа и да го пренесат занаетот на синовите.
Таа потсети дека во изминатиот период беа преземени повеќе активности за ревитализација на Старата скопска чаршија. Со акцискиот план за реконструкција на повеќе фасади во градските јадра во повеќе градови низ државата, во Старата скопска чаршија беа обновени фасадите на три објекти, кои, како што рече, кои имаат впечатливи архитектонско-стилски карактеристики и препознатлив стилски израз особено во фасадниот дел.
Сопственикот на дуќанот „Хембој“ Екрем Незири изрази благодарност до министерката за култура, која, како што рече, го исполни ветувањето. - Одамна постоиме. Ние сме единствени бојаџии и во Македонија. Аманетот го наследив од татко ми, рече Незири. Додаде дека нема работа како порано и изрази надеж дека со занетот ќе продолжат неговите синови.
Директорката на Конзерваторскиот центар-Скопје Ема Петрова нагласи дека успешно ја реализирале програмата за 2016 година.
- Во Старата скопска чаршија беа конзервирани и реставрирани три објекти. Оваа година продолжуваме со истата динамика. Во моментов се распишува јавна набавка за објектот каде е сместен Конзерваторскиот центар. Изработивме уште пет други проекти за конзервација и реставрација на објекти во Старата скопска чаршија и ќе продолжиме со нивна реализација, рече Петрова.
Годинава Конзерваторскиот центар ќе продолжи со реконструкција, односно со конзервација на стариот конак во манастирот „Св.Никола“ во Љубанци, ќе се изработи идеен проект за конзервација и реставрација на аквадуктот, конзервација и реставрација на фреските во црквата во село Љуботен, ќе продолжи да се реставрираат иконостасот и иконите во црквата „Св. Спас“ како и голем број на други објекти, информираа од Министерството за култура.