-Покрај расчистувањето на снегот, изминатиов период екипите на ЈП „Улици и патишта“ спроведуваа акција за санација на оштетениот коловоз на повеќе локации, каде се употребува ладна асфалтна маса. Изминативе неколку денови работеа на санација на уличните дупки на делови од бул. Партизански одреди и Христијан Тодоровски Карпош, како и на улиците Втора Македонска Бригада потег, Индира Ганди и Качанички пат, соопштуваат од Градот.
Покрај санацијата на уличните дупки, екипите на ЈП „Улици и патишта“ вршеа и обиколки и контрола на семафоризираните крстосници, како и контрола на вертикална сигнализација.