Може ли една слика која би ја шернале преку одредена апликација да направи некоја разлика? Џонсон и Џонсон веруваат во тоа. За секоја слика која ќе ја споделите преку апликацијата Донирајте – фото апликација, компанијата донира по еден долар на непрофитни организации.
Апликацијата – Донирајте преку слика достигнува речиси до 1 милион споделени слики на годишно ниво а пред некое време апликацијата доби нов изглед и апдејт за Иос и Андроид корисниците.
Интересно, донациите не ги бираат сопствениците на компанијата Џонсон и Џонсон туку има листа на 46 непрофитни организации и корисниците можат да одберат каде да биде дониран неговио долар. Организациите кои се наоѓаат на листата се од различен карактер и тоа организации кои се грижат за помош на новороденчиња, програми за т.н. Save children, организации за помош на настрадани од елементарни непогоди и слично. Севкупно има осум категории на организации кои функционираат за заштита и унапредување на женското и детското здравје, здрави фамилии, здравје на работното место, заштита на животната средина, глобални здравствени предизвици, итната помош како и еднаквоста и образованието.
Донациите се лимитирани на 1 долар дневно од еден корисник и секој од нив има лимит колку може да донира годишно.
Како функционира? Сликите кои се споделуваат се брендирани со логото на Џонсон и Џонсон и со лого на апликацијата Донирајте преку слика. Во суштина тоа значи дека Џонсон и Џонсон на овој начин се рекламираат на социјалните мрежи но наместо да им плаќаат на маркетинг агенциите тие парите ги пренаменуваат во донации.
Хуман и несекојдневен начин на рекламирање на оваа компанија.