Вчеравечер околу 23.00 часот во Штип, на Градскиот плоштад, по претходно договорена средба помеѓу А.А.(23) од Р.Турција, студент со привремен престој во Штип, и неговата 20 годишна девојка од Скопје, студент со привремен престој во Штип, заедно заминале во неговиот дом.
Кога влегле истиот веднаш ја заклучил вратата од собата, го сокрил клучот и почнал да ја навредува упатувајќи разни заканувачки зборови. Исто така, ја удирал со раце во пределот на лицето и телото. Во еден момент истата успеала да и напише СМС порака на нејзината другарка каде се наоѓа, од чија страна била повикана полиција.
Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што оштетената е затекната во собата на А.А., каде противправно ја држел и малтретирал околу половина час.
Истата е пренесена во Болница Штип, каде и се констатирани телесни повреди и е пуштена на домашно лекување. А.А. е лишен од слобода и задржан во ПС Штип за понатамошна постапка.