Во текот на вчерашниот ден околу 17,20 часот во Тетово на раскрсницата од ул.„Браќа Миладинови“ и ул.„Мурат Бафќари“, кај Балезова чешма, Д.А.(1966) од Тетово, пронашол рачна бомба, која ја замотал во најлонска кеса и ја донел во ПС-Тетово.

Од страна на полициски службеници од ПС-Тетово, бомбата е обезбедена и во 20,00 часот е предадена на пиротехничар од ДЗС. СВР-Тетово превзема мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/02/2017 12:58