Мрежичките за капење можат да ви направат голема штета. Мрежата ги задржува мртвите клетки од кожата, па повторно ги враќа на телото по следната употреба. На тој начин се создава плодно тло за размножување бактерии, а тоа може да доведе до многу кожни инфекции, предупредуваат дерматолозите.

Покрај мрежите кои се најчесто користени од страна на понежниот пол, се и сунѓерите а многу често знаат и тие да предизвикаат инфекции. И едните и другите се во бањата а таму поради топлината и влагата најлесно се размножуваат бактерии и се создава мувла.

Дерматолозите советуваат почесто менување на сунѓерите и мрежичките или нивно прочистување преку навлажнување и вриење до една минута на средна температура.

Се препорачува и нивно чување на суво место а идеално место за тоа би бил прозорецот.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/02/2017 17:46