Предупредивме дека насилството и омразата поттикнати лично Никола Груевски и поддржани од Ѓорге Иванов водат кон штетни и опасни последици по граѓаните и по Република Македонија.
Мнозинството граѓани на изборите на 11 декември се изјаснија против политиките на поделби, изолација, омраза и нетрпеливост на досегашната власт и избраа заеднички живот во едно општество за сите.
Оттаму, сценаријата што имаат да предизвикаат конфликт и судир помеѓу граѓаните и да ја продлабочат политичката криза во Македонија со цел да се спасува Никола Груевски со соработниците од одговорност за криминалите - нема да успеат!
Во Македонија ќе има мирен трансфер на власта и нова, совесна, реформска Влада којашто ќе обезбеди стабилност и напредок на државата и на граѓаните.
Потпалувачите на конфликтите и нарачателите и извршителите на овие противуставни и противзаконски дела ќе одговараат!
Ги повикуваме граѓаните да останат смирени и да не потпаѓаат на провокациите на исплашената власт во заминување.