Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска оствари средба со новиот амбасадор на Република Турција во Република Македонија, Н.Е. Тулин Еркал Кара.

На средбата градоначалникот Трајановски и пожели добредојде на амбасадорката во Скопје, и честиташе за нејзиното назначување на функцијата и изрази уверување дека соработката меѓу двете држави ќе продолжи да се развива во позитивна насока. Градоначалникот Трајановски истакна дека соработката на двете држави е на високо ниво, како и соработката на Градот Скопје со амбасадата на Турција во Република Македонија.

Трајановски истакна дека Скопје негува одлични односи и со повеќе општини во Турција, пред се со збратимените Истанбул и Маниса со коишто има одлична соработка.

На средбата се зборуваше за досегашната соработка, начините истата да се продлабочи, како и за актуелната политичка состојба во Македонија и состојбата со одржувањето на локалните избори.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2017 13:37