Иако од филмскиот свет стигна најава дека Еди Марфи ќе биде дел од актерската екипа на Полицајци од Беверли Хилс 4, деновиве низ филмските интернет портали се шпекулира дека Coming to America ќе добие свое продолжение и тоа повторно во главната улога ќе биде едниот и единствен Еди Марфи.

Филмот Coming to America ја раскажуваше приказната за богатиот афрички принц кој доаѓа во Америка да најде жена. Масло на шпекулациите за евентуалното продолжение на овој филм долеа и објавената слика на еден од твитер профилите кои се наменети за Марфи со Принцезата Имани, исто така една од актерките во Coming to America која ја глумеше Ванеса Каловеј. Иако по кратко време твитот беше избришан а профилот деактивиран, сепак од самиот Марфи немаше демант дека се подготвува такво нешто.

Медиумите исто така претпоставуваат дека веќе се работи на сценариото за филмот, а насловот овој пат најверојатно ќе биде Returning to America.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2017 21:47