Македонија по осми пат се вклучува во одбележувањето на големата светска еколошка акција „Час на планетата Земја“.

Осветлувањето во Македонија ќе биде исклучено во 20:30 часот по локално време во период од еден час кога во мрак ќе бидат над 178 земји и 7.000 градови во светот.

Со симболичното исклучување на осветлувањето, милиони луѓе ширум светот ќе испратат порака за спас на планетата Земја.

Оваа година во Македонија под мотото „Заблескај светлина на климатските промени“, кампањата се фокусира на сериозноста на проблемот поврзан со забрзаното менување на климата, но и ја промовира идејата дека сите ја имаме моќта да направиме промена, односно обединети да ги промениме климатските промени.

Медиумски амбасадор оваа година на акцијата е Ина Многуфина а еве ги и останатите познати личности од Македонија кои со своја поддршка се вклучија во акцијата.

Кои личности ќе ја поддржат акцијата Час на планетата земја?


Автор: Администратор
Објавено на: 24/03/2017 12:52