Општина Центар, и оваа година ќе субвенционира средства за купување на нови 1.111 велосипеди. Проектот „Цел Центар на точак“, општината го спроведува четврта година по ред.
Акцијата ќе се спроведува од почетокот на месец мај, а од буџетот на општината за оваа намена се одвоени два милиони и 800 илјади денари. Општина Центар ќе субвенционира 30 проценти од цената за купување нов велосипед, но најмногу до 3.000 денари.
Секој полнолетен жител на општина Центар што ќе купи велосипед од денот на започнување на акцијата, потребно е да достави барање за субвенционирање за купен производ, копија од лична карта, копија од транскакциска сметка и фискална сметка со сметко-потврда или фактура за купен велосипед.
Од општината информираат дека барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на општина Центар и дека правото на субвенција е еднократно.