Кристијано Роналдо, напаѓачот на Реал Мадрид, изјави дека смета дека неговиот тим заслужено го елиминирал Баерн во четврт-финалето на Лигата на шампионите.

Реал по 2-1 во Минхен, со тој резултат изгуби во Мадрид од Баерн, но со помош на судиите на чело со Унгарецот Виктор Касаи, постигна три гола во продолженијата за пресврт на 4-2.

Роналдо оствари хет-трик, но неговиот втор гол, клучен на натпреварот за изедначување во продолжението, беше постигнат од офсајд.

„Бевме подобри, имавме повеќе шанси, не е лесно да се дадат шест гола против Баерн. Чесно победивме. Навикнавме да се мачиме, среќни сме. Баерн покажа дека е одличен тим, но и ние бевме одлични“, изјави Роналдо.

Португалецот во текот на натпреварот испрати и една порака кон навивачите.

„Барам да не ми свиркаат бидејќи секогаш давам сè од себе. Секогаш играм најдобро што можам, да му помогнам на Реал Мадрид. Ќе се задржам на добрите работи, тимот е одличен, супер игравме“, изјави Португалецот.

Во полуфиналето на Лигата на шампионите се пласира и другиот клуб од Мадрид, Атлетико, кој во двомечот го елиминира Лестер. По 1-0 на „Висенте Калдерон“, во Англија ремизираше 1-1.

Останатите два учесника во полуфиналето ќе бидат познати вечерва. Барселона ќе го брка заостанувањето од три гола против Јувентус на „Камп ноу“, додека Борусија Дортмунд гостува во Монако со минус од еден гол.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2017 13:02