Селекторот македонската ракометна репрезентација Раул Гонзалес, денес го објави списокот на повикани ракометари за првиот собир од подготовките за квалификациските натпревари со селекцијата на Исланд, за пласман на ЕП Хрватска 2018.

Собирот е закажан за понеделник (1 мај) со почеток од 9 часот и 30 минути во ВИП Арена „Борис Трајковски“ во Скопје.

Гонзалес го скрати првичниот список од 28 на 19 играчи:

Борко Ристовски,

Мартин Томовски,

Дејан Манасков,

Гоце Ојлески,

Гоце Георгиевски,

Стојанче Стоилов,

Никола Маркоски,

Филип Лазаров,

Жарко Пешевски,

Кирил Лазаров,

Влатко Митков,

Филип Талески,

Филип Кузмановски,

Велко Маркоски,

Мартин Поповски,

Филип Миркуловски,

Никола Митревски,

Марко Нелоски и

Мартин Велковски.

Првиот од двата натпревари против Исланд, Македонија ќе го одигра на 4 мај со почеток од 20 часот во Скопје, а реваншот е во Рејкјавик на 7 мај со почеток од 19:45 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2017 08:17