Поради изведување на водоводен приклучок ф-100 милиметри на улица „Кумбара“ бб, во близина на авто школа „Хирда“, денеска прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од оваа, како и од улиците „Исмаил Кадаре“ и дел од „Кримска“ во скопската Општина Чаир
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец
Повредениот бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош. С.А. околу 18.00 часот сам се пријавил во Единицата за насилен криминал во Полициската станица Кисела Вода и со него бил извршен разговор. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок
Во Скопје, сончево и многу топло со мала облачност. Минималната температура ќе биде 22, а максималната ќе достигне до 40 степени.
На 27.07.2021 околу 06.00 часот во Полициската станица Кочани, од Територијалната противпожарна единица Кочани било пријавено дека во близина на Територијалната противпожарна единица било пронајдено починато машко лице.
На 27.07.2021 околу 04.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Ржаничино – с.Таор, патничко возило „хонда“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(32) од Скопје, излетало од патот.
На 26.07.2021 во 17.30 часот во СВР Скопје, А.И.(41) од Скопје пријавила дека на Кеј „13 Ноември“ била физички нападната со тврд предмет од едно женско лице на возраст околу 19-20 години.
Таа била пренесена во Ургентно одделение во Медицински центар Гостивар каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Се работи на расчистување на случајот.
Мирен предупредувачки протест одржаа денеска жителите на неколку села на локација непосредно до регионалниот пат Куманово – Свети Николе кои поради санацијата на „Искрин мост“ мора да користат, според нив, несоодветен алтернативен пат за да стигнат во Куманово.
Како и пред секој Илинден така и годинава, Кичево, се претвора во вистинска крстосница за коњаниците од сите градови на пат за легендарно Крушево, а жителите од овој град имаат можност да ги поздрават безмалку сите коњаници кои учествуваат на „Илинденскиот марш“.