Теренската вакцинација продолжува и утре во 55 населени места.
Се конкретизира соработката меѓу Министерството за култура и Јадро – Асоцијација на независната културна сцена со план на активности и препораки од суштинско значење за вонинституционалниот културен сектор.
Во рамки на Европскиот филмски предизвик, на годинешното издание на „Beach Film Festival“, од 21 до 25 јули на плажата Горица 3 на Охридското Езеро ќе се реализира уникатно филмско доживување, со европски филмови.
Деветнаесет прилепски основци и средношколци, првенци на генерацијата во најспецифичната учебна година, денеска добија дипломи и вредносни ваучери.
Неколку десетици жители на скопската населба Железара попладнево со блокада на улицата „Коце Металец“ го продолжија неколкудневниот протест со кој бараат надлежните органи да преземат мерки за ограничување на брзината на движење по оваа улица, која ја поврзува Автокоманда со Бутел.
Делницата на патниот правец од клучката Штип – Запад до клучка Штип – Југ од утре ќе биде целосно затворена за сообраќај, кој ќе биде пренасочен на веќе постоечкиот регионален пат кој минува низ Штип преку Ново Село до клучката Штип – Југ
Почна изградбата на кружните сообраќајни решенија кај зоната Момин Поток во Општина Карпош. Се предвидува изградба на два кружни тека
На 19.07.2021 околу 19.00 часот, полициски службеници од ОВР Кочани, врз основа на распишана потерница, го привеле А.Т.(37) од Кочани, осуден на затворска казна за сторени кривични дела „кражба“ и „одземање на моторно возило“
К.Т. (38) од Прилеп, кој работел како машинист, пронајден е затрупан во одрон од земја во рудникот „Суводол“
Зоолошката градина Скопје добива 7Д Кино, што претставува нова технологија на проектирање на филмови во 3Д во комбинација со дополнителни ефекти кои го прават визуелното следење комплетно, кои, како што потенцираат во соопштение, буквално прават да бидете дел од филмот