По точно една година од новата локална власт, општина Прилеп се консолидира, ги отплатува наследените долгови, инвестира во нови проекти, ја извршува најаваената програма за капитални и инфраструктурни зафати, како на локалната самоуправа, така и на локалните јавни претпријатија, беше истакнато на денешната прес конференција на локалната самоуправа и на јавните претпријатија по точно една година на новата локална власт.
Во ЈЗУ Геронтолошки Завод „13 Ноември’’-Скопје, денеска беше одржана едукативна работилница на тема „Орално здравје и Орална хигиена кај геријатриски пациенти“ и беа спроведени бесплатни стоматолошки прегледи на корисниците во одделот Мајка Тереза.
Деновиве се очекува да заврши санацијата на мостот кај архолошкиот локалитет Стоби поради кој од почетокот на овој месец во прекин е железничкиот сообраќај кон Гевгелија.
Од денеска (24. 10. 2018 година) до недела (28. 10. 2018 година) во редовниот линиски превоз ќе бидат вклучени и две привремени линии што ќе сообраќаат до СЦ „Борис Трајковски“.
Нема податоци за нивото на штетните ПМ 10 честички во Лисиче, Гази Баба, Битола и Велес. Мерните станици во изминативе неколку дена не работат и во други општини.
Конзерваторските работи на крстилницата во Епископската базилика во Стоби се завршени со третиот грант од Амбасадорскиот фонд за културна заштита на САД, вреден речиси 89 илјади американски долари наменет за овој археолошки локалитет. Првиот американски грант од 15.000 долари беше за истражувања на Римскиот форум во Стоби, а следниот од 72.600 долари – за заштита на фреските од базиликата.
Четири лица од Демир Капија, меѓу кои и поранешен градоначалник и претседател на Советот на општината, се приведени денеска на информативен разговор во Финансиската полиција.
Plogging кој претставува комбинација од џогирање и собирање отпадоци, прв пат се појави во Шведска, а денес е широко распространет во многу земји поради зголемената загриженост за загадувањето на природата со пластични отпадоци
Депонијата е прва од ваков тип во Македонија, градена според стандардите на ЕУ за што градоначалникот Сашо Поцков изрази посебна благодарност до јапонската влада за доделениот грант и на УНДП за помошта при реализацијата на проектот.
Во постојана координација сме со екипите на БЕГ, се работи интензивно на терен за итно отстранување на дефектот и во рок од два дена, односно во петок, студентите сместени во студентскиот дом „Стив Наумов“ ќе имаат и топла вода и парно греење, информираат од Државниот студентски дом Скопје.