Во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп утревечер ќе биде отворена изложба од уметниците Марија Дичова и Симона Манчева.
Во организација на Културно-информативниот центар Романса, утре во кино салата во Македонска Каменица ќе биде прикажана театарската претстава „Волшебната шума“. Како што информира Горан Огнановски, претставата се реализира во соработка со воспитно образовните установи од Македонска Каменица.
Близу 40 илјади пријави за легализирање на бесправно изградени објекти поднеле граѓаните од 11 општини во Источно планскиот регион, што значи дека скоро во секое второ домаќинство има градба за која претходно не била добиена соодветна дозвола.
Територијалната Противпожарна Единица (ТППЕ) во Велес денеска изведе две показни вежби и тоа првата за евакуација на ученици при пожар на училиште и спасување на повредени во ООУ „Благој Кирков“. Втората беше пракична презентација на опремата која на Општина Велес за ТППЕ и ја обезбеди во изминатите неколку години Дирекцијата за заштита и спасување, а која денеска се презентира на локација кај „Мало Мовче“ покрај Вардар.
Лицата со хендикеп бараат образование кое не е ограничено, специјализирано и кое нуди еднаков квалитет како и за останатите граѓани без хендикеп и да се земе предвид нивно вработување во јавната администрација.
Иселени лица од Поткожувјето, потомци на некогашните жители, како и туристи, се собраа денеска на селска слава во кавадаречкото село Мрежичко. Се евоцираа спомени, се правеа планови за идни проекти за развој на селскиот туризам.
БАС Институт за менаџмент-Битола, со поддршка на Министерството за образование и наука, сектор за високо образование и општина Битола, утре и в сабота ќе биде домаќин и организатор на 5. Меѓународна научна конференција „Современите менаџерски предизвици и организациските науки“.
Со врачување на 120 пакети со прехранбени продукти, облека и средства за хигиена, денеска се заокружи големата хуманитарна акција која Општина Карпош заедно со граѓаните и локалната администрација, ја спроведе по повод роденденот на општината 3. Ноември под мотото „Подај рака, донирај за твојот сосед“.
Полицијата во Тетово од средината на октомври презема засилени контроли со цел нормално одвивање на сообраќајот и почитување на правилата и прописите. Командирот на Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Зоранчо Талев вели дека за нормално одвивање на сообраќајот особено низ централното градско подрачје потребно е сите учесници, а особено возачите да ги почитуваат правилата и прописите за паркирање.
Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски денеска даде отчет за сработеното во првата година од неговиот мандат. Презентираше список на повеќе од 50 реализирани проекти, по што беа посетени четири локации на кои се завршени или се уште е во тек реализацијата на проектите.