Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформило предмет против поранешен и актуелен директор на НЛБ Тутунска Банка, поранешен министер, адвокат, нотар и други лица.
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доставила пет кривични пријави против поранешни градоначалници.
Полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против З.С. (36) од кичевското село Извор и С.К.( 32) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „незаконит лов“.
Актерот Петар Темелковски денеска ќе им се претстави на гевгеличани со монодрамата „Песни за татковината“ од Никола Јонков Вапцаров, која премиерно беше изведена минатиот месец во Велес.
Овластениот градежен инспектор на општина Центар донесе решение за отстранување на градба-дрвена настрешница, со димензии 12 на 3 метри за која што инвеститорот не поседува одобрение за градење.
Врвни швајцарски обуки за угостителство и туризам ќе бидат промовирани денеска во Скопје.
Мјузиклот „Тајно моја“ посветен на Тоше Проески во октомври ќе биде изведен во неколку држави од поранешна Југославија.
По наредба на дежурен јавен обвинител ќе се врши ДНК анализа на трагите од крв пронајдени на лице место.
Жена на 53-годишна возраст е пронајдена мртва со убодни рани од нож во пределот на вратот и рацете во нејзиниот дом на улицата „Елисие Поповски“.
Заминувањето на овој голем уметник и човек претставува огромна загуба за вашето семејство, за македонската култура и македонската држава воопшто, напиша Елизабета Канческа-Милевска.