Во рамки на новата музичка манифестација „Супер Скопје“ вечерва (сабота, 19 август) на Кејот „13 Ноември“ во главниот град ќе настапат „Бајага и Инструктори“. Синоќа на истата локација настапи Сергеј Четковиќ.
Материјалната штета се проценува на 58 милиони денари, а обесштетувањето треба да го изврши македонската Влада.
Четириесетгодишен маж изутрина околу осум часот паднал искачувајќи се од карпа на излезот од браната кај езерото „Младост“, здобивајќи се со тешки телесни повреди, информираа од СВР Велес.
Дванаесет лица се во болница откако, како што изјавиле се затруле со храна од познатата скопска сендвичара “Седмица” лоцирана во Карпош, информираат од Министерството за здравство.
Во водите на Охридското Езеро утре ќе се плива 31. Охридски пливачки маратон, што е редовна трка од „Гран при“ серијата маратонски трки на отворени води на Светската пливачка федерација (ФИНА).
Минатата година Старнавски го сруши рекордот на италијанскиот нуркач Луиџи Казати и успеа да се спуштидо 230 метри длабочина во пештерата.
Гостиварската муфтинија ги привршува подготовките за овогодинешното заминување на аџилак. Во организација на Исламската верска заедница (ИВЗ) од Гостивар и околината на ходочастието ќе одат 217 лица.
Посебен сообраќаен режим најавува СВР за вечерашниот натпревар Вардар – Фрнербахче што ќе се одигра на националната арена „Филип Втори Македонски” од 20 часот.
Уличките во тој дел се полни со паркирани автомобили, а има и големо движење бидејќи тоа е еден од пристапите до пазарот „Буњаковец“.
Претседател на СРД „Шаран“ Горан Стоименовски, истакнува дека како риболовно друштво концесионер на езерото Калиманци, се загрижени за истекувањето на нафтата во почвата покрај патот која може да доведе до загадување на подземните води