Борче Димитровски, директор на НУ Центар за култура-Битола соопшти дека подготовките за концертите ќе почнат веднаш по Велигденските празнувања, а заедничките настапи се договорени за фестивалот „Охридско лето“ и концерт во Битола.
Фестивалот на современ танц „Танц фест“ на сцената „Зебра“ ќе ја прикаже програмата „Инкубатор флоатинг“ во која учествуваат деца танчари од осум до 12 години.
Министерството за внатрешни работи во пресрет на претстојните Велигденски празници ќе превземе низа безбедносни мерки и активности поради глобалните терористички закани во кои што цели се и верски објекти.
Во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче Општина Аеродром го прослави 12-от роденден во присуство на најблиските соработници и пријатели на општината.
Македонски железници – Транспорт годинава по повод велигденските празници ќе ја вклучи во сообраќај новата патничка гарнитура брендирана како „Велигденски воз“.
На 37 избирачки места во општина Гевгелија вкупно 19.363 граѓани на 23 април ќе се изјаснат по пат на референдум дали се „за“ или „против“ отворање на рудници за злато.
Во Гевгелија денеска почна информативна кампања за промовирање проект за заштита на животната средина и подобар квалитет на живот.
Претставата „Да го поздравиш и да ги го бациш“ на Независниот театар „Артопија“ во режија на Билјана Радиноска е добитник на Гранд при наградата за најдобра претстава.
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска оствари работна средба со членовите на мониторинг-мисијата на УНЕСКО составена од претставници на Центарот за светско наследство на УНЕСКО
Четириесеттите „Денови на македонска музика“ завршуваат вечерва, 13 април, со симфониски концерт на Македонската филхармонија.