Македонскиот писател, новинар, литературен и театарски критичар и декан на Факултетот за театарски уметности ЕФТТА Скопје-Париз-Есен-Ротердам Гоце Ристовски е добитник на престижната меѓународна награда „Ergo sum“.
На Скопски саем, каде што е во тек 29. Саем на книгата, од денеска до 8 април ќе се одржуваат и 20. Денови на образование и кариера.
Организаторите на трката соопштија дека е срушен рекордот по бројот на пријавени учеснички, иако има уште време за пријава и можно е бројот да достигне 1.500.
Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) вчеравечер на Саемот на книгата ги додели наградите за најдобри изданија меѓу два саема.
Со француската претстава „Пиксел“ во кореографија на Мурад Мерзуки, вечер во Македонскиот народен театар ќе биде отворен 13. Фестивал на современ танц „Танц фест“.
Во Градската библиотека на Пула, Република Хрватска, е промовиран документарниот филм „Македонскиот идентитет низ историјата“ изработен од студенти на Факултетот за образовни науки.
Општина Центар утрината во 3:30 часот ја урна дивоградбата меѓу улицата „Самоилова“ и булеварот „Никола Карев“.
Градот Скопје денеска ќе ја промовира Стратегијата за климатски промени „Отпорно Скопје“, која ќе биде стратешки документ за намалување на емисиите на стакленички гасови.
Градот Скопје ги заврши градежните работи за проширување и реконструкција на дел од булеварот АСНОМ.
Во „Паркот со авион“ расцветаа јапонските цреши, каде има насадено над 300 садници само од овој вид.