По обилните снежни врнежи екипите на зимската служба на Град Скопје како и ЈП “Улици и патишта“ започнаа со санација на оштетените коловози, булевари и тротоари.
Јсп - Скопје промовираше нова апликација - ТРАНСИНФО која на корисниците треба да им го олесни транспортот низ градот. Алатката може да се пронајде на интернет страницата info.skopska.mk.
СВР-Скопје поднесе кривична пријава против лицата Е.Н.Р. (27) и С.З.Ј. (46) и двете од Република Бугарија, поради основано сомнение дека извршиле кривично дело „кражба“, при што се здобиле со противправна имотна корист од околу 182.000 денари.
Во рамки на проектот за конзервација и реставрација на фасади во старите градски јадра, имплементиран од Министерството за култура, обновен е уште еден објект лоциран во Старата скопска чаршија.
Екипите на зимската служба на Град Скопје се на терен и од почетокот на снежните врнежи и беа фрлени 165 тони сол на градските булевари и улици.
Спречен е обидот за нелегално изнесување на 105 илјади евра од страна на царинските службеници на Аеродромот Александар Велики
Како и секоја година па така и оваа Македонската опера и балет традиционално организира концерт по повод Василица.
Бродовите „Александрија“ 1 и 2 по симболична цена ќе пловат до манастирот „Св.Наум“, пренесува Охридската телевизија ТВМ.
Без поголеми инциденти и проблеми за време на новогодишната ноќ во Скопје. Лекарска помош побарале околу 300 лица без посериозни повреди и здравствени проблеми.
Храмот Свети Пророк Илија во Скопско Нерези од денес ги отвори вратите за верниците.