РТЦГ (Радио телевизија на Црна Гора) соопшти дека оваа држава ѝ се враќа на „Евровизија“. Кој ќе ја претставува Црна Гора на „Евровизија“, ќе се одлучува преку натпревар што ќе го носи името „Монтесонг“.
Спиењето не е само одмор за телото - тоа е од витално значење за одржување добро здравје и спречување болести. Сепак, многу возрасни со „бурен живот“ и напорен распоред, не го добиваат одморот што им треба.
Тоа е епизода што бртитанскиот принц Ендрју веројатно би сакал јавноста да ја заборави, но неговото неславно интервју за „Њузнајт“ (Newsnight) од 2019 година ќе доживее екранизација.
Кејти Пери е под истрага поради снимање музички видеоспот на Балеарските Острови. Одделот за заштита на животната средина на Регионална влада истражува дали пејачката и нејзиниот тим можеби ги оштетиле заштитените дини на островот С'Еспалмадор.
„Полицијата била повикана во хотелот 'Жорж V' и Тревис Скот е приведен за насилство врз член на обезбедувањето. Вториов интервенирал за да го одвои раперот од неговиот телохранител“, соопшти полицијата во Париз.
Набргу по одлуката да го откаже проектот за месечевиот приземјувач „ВИПЕР“ поради буџетски кусоци, американската Национална воздухопловно-вселенска администрација - НАСА се најде под притисок „да го врати во живот“ и да го спроведе тој потфат до крај.
Низата сателити е само дел од едно поголема мрежа што има за цел да обезбеди пристап до интернет речиси насекаде ширум светот. Лансирањето се случи од центарот „Таијуан" во провинцијата Шаншји во источна Кина.
Мажите губат повеќе калории за време на секс отколку жените, изјави Леа Милхајзер, сексолог од Здравствениот центар во Стенфорд, Калифорнија, САД.
Американскиот режисер Дејвид Линч во објава на својот интернет-простор вчера потврди дека боледува од белодробен емфизем поради „долгогодишното уживање во цигарите“, но во истовреме тој уверува дека „никогаш нема да се пензионира“.
На прес-конференција вчера, на којашто се разговараше за крајот на втората сезона на „Куќа на змејот“, авторот Рајан Кондал откри дека претпродолжението на „Игра на престоли“ ќе се прикажува уште две години - сѐ на сѐ четири сезони.