Претседателот на Боцвана, Могвечи Масиси е заразен со коронавирус, а додека е во задолжителна самоизолација, го заменува потпретседателот Сламбер Когвана
ОПЕК + постепено го зголемува производството, по рекордниот пад во 2020 година за да се приспособи на колапсот на побарувачката во првиот бран на пандемијата на Ковид 19
Во текот на викендот од главниот град на Литванија, Вилнус, во Ирак беа вратени речиси 100 ирачки државјани, соопшти денеска литванското Министерство за внатрешни работи
Жосеп Борел, високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, ќе престојува во Украина од 4 до 6 јануари во контекст на растечки тензии со Русија, најави неговата прес служба
Над 3.000 чешки државни службеници потпишаа протестно писмо против владините планови вакцинацијата против Ковид-19 да се направи задолжителна за нивните различни професии, јави ДПА
Новинари францускиот весник „Паризиен“ во напис раскажуваат како за помалку од 24 часа успеале да „добијат“ трета доза од вакцината без инјектирање, односно да добијат потврда дека се вакцинирани, по што во земјата е отворена истрага
Од 1 февруари, рокот за поднесување барање до Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) ќе се скрати од шест на четири месеци по конечната одлука на највисокиот домашен суд, соопшти денеска судот
Израелското Министерство за здравство денеска соопшти дека од 9 јануари ќе им дозволи на целосно вакцинирани туристи од одредени земји да влезат во Израел, со што ќе се стави крај на речиси општата забрана за пристигнување на лица кои не се државјани
Нигериските безбедносни сили спасија најмалку 21 ученик откако беа киднапирани од вооружена група, соопшти денеска полицијата
Јужноафриканската полиција денеска соопшти дека обвинила 49-годишен маж за подметнување пожар, кој нанел голема штета на зградата на Националниот парламент во Кејптаун