Се забранува емитување на германската верзија од рускиот канал РТ (поранешна Раша Тудеј) во земјата, соопшти денеска германскиот медиумски регулатор
Европската комисија денеска прифати граѓанска иницијатива која бара да се заштитат европските вредности во спортот
Холандскиот премиер Марк Руте ѝ вети на Украина поддршка за кибер безбедноста. Тој го стори тоа за време на денешната посета на Киев, јави ДПА
Украинските власти ја отфрлаат можноста да се дозволи специјален статус на Донбас (регион во источниот дел на Украина), како и можност за ставање вето на одредени владини одлуки, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба
Подвидот на сојот омикрон, наречен БА.2 или како што некои научници го нарекуваат „стелт омикрон“, е откриен во 57 земји, соопшти денеска Светската здравствена организација, додавајќи дека прелиминарните податоци покажуваат дека е позаразен од другите видови на омикрон
Европската комисија денеска се обиде да ја одбрани одлуката да ја класифицира нуклеарната енергија како прифатлив транзициски извор во ЕУ
Шведска денеска соопшти дека ќе и даде на Украина 50 милиони шведски круни или околу 5,4 милиони долари во период од три години со цел да го поддржи економскиот развој, дијалогот и зајакнувањето на таа земја. Парите ќе одат во „Партнерскиот фонд за издржлива Украина“, кој беше лансиран во соработка со Обединетото Кралство, Швајцарија и САД
Осомничени милиции нападнале камп за внатрешно раселени лица во источниот дел на Демократска Република Конго (ДРК), убивајќи најмалку 60 луѓе, јави Ал Џазира, повикувајќи се на локални извори и групи за набљудување човекови права
Најмалку 12 мигранти денеска починале од смрзнување во турскиот град Едрене долж границата со Грција, откако грчките власти наводно ги потиснале назад, соопшти турскиот министер за внатрешни работи
Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе ги објави плановите за намалување на смртноста од рак за најмалку 50 проценти во следните 25 години, во обид да ја оживее иницијативата „Муншот“