Министерството за одбрана на Литванија ја советува јавноста да избегнува купување мобилни телефони од кинески производители и да се ослободи од нив што е можно поскоро, доколку ги поседуваат.
САД следната година ќе донираат уште 500 милиони дози вакцини „Фајзер“ на земјите во развој, најави денеска американскиот претседател Џо Бајден.
Светската здравствена организација денеска објави дека и пониските нивоа на загадување на воздухот се исто така штетни за здравјето на луѓето, за разлика од претходните анализи.
Во момент на зголемени тензии меѓу Русија и САД, високи функционери од двете земји се состанаа во Финска да разговараат за намалување на „ризикот од инциденти за време на воените активности“.
Банките во еврозоната можат да очекуваат поголеми загуби доколку климатските ризици не се ублажат, а најголеми ќе бидат во земјите со чести природни катастрофи. Тоа се наведува во денеска објавената студија на Европската централна банка (ЕЦБ).
Главната компанија во сопственост на групацијата Евергранде, Hengda Real Estate Group, соопшти денска дека постигнала договор со сопствениците на обврзници, што помогна да се смират тензиите предизвикани од можноста овој кинески гигант да не ги подмири своите долгови и на тој начин да предизвика финансиски хаос на глобално ниво.
Предлогот на последниот државен буџет за време на мандатот на актуелниот француски претседател Емануел Макрон пред новите избори во април 2022 година, изоставени се детали за клучните долгорочни инвестициски програми, како и оние насочени кон поддршка на младите без работа.
Речиси 84 проценти од населението во Истанбул веќе се вакцинирани против Ковид-19, објави денеска на Твитер гувернерот на турската метропола Али Јерликаја, пишува весникот „Милиет“.
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе разговара со својот американски колега Џо Бајден за кризата што се случи меѓу Париз и Вашингтон поврзана со раскинатиот договор со Австралија за набавка на подморници, објави портпарол на француската Влада.
Германските здравствени власти планираат нови правила според кои невакцинираните работници нема да добијат надомест на плата доколку мерките за коронавирус ги принудат на карантин.