Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Вашингтон се сретна со првиот човек на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, на разговори за идните тргоски односи меѓу САД и Европската унија.
Најмалку 185 лица загинаа, а околу 200 се ранети денеска при серија самоубиствени бомбашки напади во реонот на јужниот сириски град Свеида, кој е под контрола на владините сили, соопшти вечерва Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
Езеро со солена вода наводно е откриено под површината на Марс, што пак ја зголемува можноста за пронаоѓање на живот на оваа планета.
Островот Џоло, на 1.000 километри од филипинскиот главен град Манила, е едно од упориштата на исламистичките група Абу Сајаф, а градот честопати е бојно поле меѓу групата која е поврзана со Исламската држава (ИД) и владините сили.
Правобранителката на Европската унија, Емили О'Рајли денеска ги обвини Европската комисија и нејзиниот претседател Жан-Клод Јункер дека несоодветно реагирале откако претходниот прв човек на ЕК, Жозе Мануел Баросо, стана лобист на банката „Голдман Сакс“.
Оксана Шачко (31), една од основачките на украинската протестна група Фемен, завчера била пронајдена мртва во нејзиниот стан во Париз со самоубиствена порака до телото.
Руски суд им одреди парична казна во висина од 1.500 рубљи (околу 20 евра) на музичарките од феминистичката панк група „Пуси рајот“ и на основачот на уметничката платформа „Војна“ за незаконско носење полициски униформи.
Фејсбук ја блокираше мрежата од страници преку која членовите на десничарската бразилска група Движење за слободен Бразил ширеа лажни вести.
Една од жртвите е 69-годишна жена која паднала во река во областа Сучава, а нејзиното тело било пронајдено десетина километри низводно.
Спасувачките служби досега пронајдоа 28 тела на загинати при поплавите предизвикани во понеделникот по уривањето на брана во провинцијата Атапу во југоисточен Лаос, соопштија денеска лаоските власти.