Украина и неколку земји-членки на НАТО, вклучувајќи ги и САД, денеска почнаа заеднички воени вежби на запад во поранешната советска република, во контекст на постојани тензии со соседна Русија.
Аплицирани се повеќе од 5,95 милијарди дози на вакцини против Ковид во 184 земји, но процесот на вакцинација продолжува со нерамномерно темпо низ целиот свет, јави Блумберг кои се повикуваат на сопствени анализи.
Шпанската и италијанската полиција денеска соопштија дека уапсиле 106 лица поради припадност кон криминална група која перела пари за мафијашки групи и заработила милиони евра преку интернет измами.
Светската здравствена организација препорача двојно зголемување на акцизите за алкохол во Европа како средство за спречување на речиси 5.000 смртни случаи од рак секоја година.
Полска ќе мора да плати дневна казна од 500.000 евра на Европската комисија за прекршување на претходна судска одлука за прекин на работа на рудникот за лигнит во Туров. Ова го соопшти Судот на правдата на Европската унија.
Пандемијата со Ковид -19 ги зголеми инвестициите во истражување и развој во фармацевтскиот и софтверскиот сектор и го намали интересот за транспорт и патувања, покажа извештајот на Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO).
САД во ноември ги отвараат своите граници за патниците кои ќе покажат доказ за целосна вакцинација, јавија денеска од Администрација во Вашингтон.
Белата куќа притиска да договори телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон.
Од брачна двојка било побарано да напуштат ресторан во Тексас, затоа што одбиле да ги извадат заштитните маски.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција зазема водечка улога во борбата против исламофобијата во меѓународните платформи, јави агенција Анадолија.