Италијански судија денеска го ослободи поранешниот каталонски регионален лидер Карлес Пуџдемон, откако беше уапсен претходната ноќ на Сардинија, објави шпанскиот весник „Паис“.
Канцеларијата на ОН за човекови права регистрирала 350.209 жртви за време на граѓанската војна во Сирија во последната деценија, вклучувајќи цивили и борци, а бројот на жртвите од конфликтот се проценува дека е многу поголем.
Холандската полиција приведе девет лица во Ајндховен под сомнение дека подготвувале терористички напад, соопшти холандското Обвинителство.
Познавањето странски јазици е суштинска алатка за културна размена. Надалеку е познато дека таквите вештини се бараат и промовираат на многу работни места и можат да ја олеснат комуникацијата во неколку други контексти, објави Евростат.
Снабдувањето со гас во Германија е сигурно и покрај тензичната ситуација во Велика Британија и на светскиот пазар, изјави денеска портпаролка на германското Министерство за економија.
Британскиот премиер Борис Џонсон му предложи на францускиот претседател Емануел Макрон „продолжување на соработката меѓу Франција и Велика Британија“ по дипломатската криза поради подморниците, соопшти Елисејската палата по разговорите меѓу двајцата лидери.
Последните предизборни настани во рамки на кампањата за парламентарните избори во Германија се планирани за денеска и утре, јави ДПА. Изборната кампања се приведува кон крај.
Норвешка од утре целосно се отвора и ги укинува мерките воведени поради пандемијата на Ковид-19, кои ги ограничија социјалните контакти и го блокираа голем дел од економијата.
Кинеската Централна банка ги прогласи сите трансакции со криптовалути за нелегални и ќе бидат забранети. Со тоа тие испраќаат досега најсилен сигнал за својата решеност да ја урнат индустријата.
„Фајненшл тајмс“ цитира изјава на американски службеник кој истакна дека државата формално ќе побара повеќе информации од компаниите за нивните синџири на снабдување.