Претседателот на Врховната рада на Украина Дмитриј Размуков побара од Конгресот на САД да ги продолжи санкциите против „Северен поток 2“, со што не се дозволува завршување на изградбата на гасоводот
Пандемијата на коронавирусот веројатно долгорочно ќе влијае на менталното здравје ширум светот, предупредуваат европските канцеларии на Светската здравствена организација (СЗО) во новиот извештај објавен денеска
Главниот мексикански истражител против перење пари изјави дека официјални претставници во претходните влади од 2012 до 2018 година потрошиле 300 милиони долари државни пари за купување софтвер од израелската компанија за шпионирање НСО
Американскиот претседател, Џо Бајден, изрази незадоволство заради слабиот одговор на вакцинација против Ковид-19. Според него, од огромна важност е Американците да почнат да се вакцинираат, сега откако вирусот почна повторно да се шири
Десетици илјади луѓе до денеска се евакуирани од поплавените подрачја во централниот дел на Кина, а властите јавуваат дека на 33 е зголемен бројот на загинати лица, во поплавите што во провинцијата Хенан траат речиси една недела
Роднините на загинатите и повредените при уривање на станбената зграда во местото Сурфсајд во Мајами, Флорида, ќе добијат отштета од најмалку 150 милиони долари, објави Фокс њуз, повикувајќи се на судската одлука на округот Мајами-Дејд
Северна и Јужна Америка се соочуваат со пандемија на невакцинирани, соопшти Пан-американската здравствена организација (ПАХО), која предупреди дека земјите со низок опсег на вакцинација имаат зголемен број заразени од Ковид-19 и повторно ги повика земјите кои располагаат со поголем број вакцини да ги донираат
Белоруското Министерство за правда вчера побара од судот да ја забрани работата на водечкото здружение на новинари, со што продолжува пресметката на власта со независните медиуми и активисти на граѓанското општество
Планот на Светската здравствена организација (СЗО) за втората фаза од истрагата за потеклото на коронавирусот содржи јазик што не ја почитува науката и Кина нема да го следи, изјави на прес-конференција Зенг Јинсин, заменик-шеф на Државниот комитет за хигиена и здравје на кинеската република, пренесува Тасс
Московската полицијата вчера уапси двајца поранешни членови на тимот на опозициски политичар Алексеј Навални и и го продолжи куќниот притвор на неговата портпаролка