Парискиот Кривичен суд денеска ги прогласи за виновни за корупција и трговија со влијанија Никола Саркози, како и адвокатот Тиери Херцог и поранешниот судија Жилбет Азиберт, во таканаречената афера „прислушување на Пол Бизмут“.
Претседателот на Гана, Нана Акуфо-Адо денеска се вакцинираше против коронавирусот, со што стана првата личност во светот што ја прими вакцината против Ковид-19 од програмата Ковакс.
Британско-шведскатата компанија „АстраЗенека“ го продаде својот 7,7-отстотен удел во акциите на „Модерна“ за повеќе од милијарда долари, откако акциите на оваа американска биотехнолошка компанија пораснаа благодарение на пробивот на нивната вакцина на пазарот на вакцини против коронавирусот, пренесе британски „Тајмс“.
Францускиот претседател Емануел макрон ги повика денеска Французите да издржат уште еден до месец и половина, пред да може да ги почувствуваат првите олеснувања во актуелната здравствена криза, јави дописникот на МИА.
Финската Влада денеска прогласи вонредна состојба поради зголемувањето на случаите со Ковид-19, чекор што ќе и овозможи на оваа нордиска земја да затвори ресторани и да воведе други мерки за запирање на пандемијата.
Русија не го анектира Крим, Полуостровот легално се придружи кон Русија, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ја изјавата на американскиот претседател Џо Бајден „дека Вашингтон нема никогаш да го признае Крим како Русија“.
Последниот Евробарометар покажува дека социјалните политики се врвен приоритет за големо мнозинство на граѓаните на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.
Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен на Твитер најави дека нејзината институција ќе предложи формално воведување на пасоши за граѓаните да можат да патуваат во услови на пандемија, јави дописничката на МИА од Брисел.
Повеќе од половина милион жители на американската држава Тексас сè уште немаат топла вода, бидејќи надлежните служби сè уште не успеале да ги поправат водоводните цевки, иако снежното невреме во Тексас престана пред осум дена.
Нгози Окоњо-Ивеала денеска официјална ја презеде должноста генерална директорка на Светска трговска организација (СТО).