Германската канцеларка Ангела Меркел, синоќа, за време на нејзиниот прв телефонски разговор по стапувањето на должноста, го покани новиот американски претседател Џо Бајден да ја посети Германија „веднаш штом пандемијата тоа ќе го дозволи“, изјави портпарол на германската владата, цитиран од Дојче веле
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска официјално до Сенатот го достави обвинението против поранешниот претседател Доналд Трамп, кој се терети за поттикнување на бунт од неговите приврзаници, кои упаднаа во Капитол на почетокот на јануари
Одделението на американскиот Сенат за надворешни работи ја одобри номинацијата на Ентони Блинкен, кого новоизбраниот претседател Џо Бајден го предложи за државен секретар
Американскиот претседател Џо Бајден планира да го замени возниот парк на американската Влада од околу 650.000 автомобили со електрични возила
Британскиот дневен весник „Дејли експрес“ објави напис за бројот на албанските граѓани во англиските затвори, наведувајќи дека е во постојан раст
Генералниот инспектор на Министерството за правда на САД, Мајкл Хоровиц, соопшти денеска дека е започната истрага за можно влијание врз претседателските избори кои се одржаа минатата година во ноември.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги предупреди денеска светските лидери дека светот не се соочува само со вонредна состојба поради Ковид-19 и со најтешката економска криза во последните речиси сто години, туку и со „егзистенцијални закани“ за климата и биодиверзитетот, и можноста најголемите економии, САД и Кина, да го поделат светот на два дела.
Бројот на заразени случаи од коронавирус во светот вечерва надмина 100 милиони.
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ја повика денеска Русија веднаш да ги ослободи опозицискиот лидер Алексеј Навални и неговите приврзаници, кои се уапсени за време на протестите во саботата во Москва.
Мексико ќе добие 24 милиони дози од руската вакцина Спутник V против Ковид-19, изјави мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопес Обрадор.