Генералниот дректор на Светска здравствена организација Тедрос Адханом Гебрејесус денеска изјави дека се надева оти САД ќе продолжат да ја финансираат оваа Агенција на Обединети нации и покрај критиките од американскиот претседател Доналд Трамп.
Во Италија 20.465 луѓе починаа од последици од коронавирусот, соопшти италијанската Агенција за цивилна заштита.
Кампањата за реизбор на американскиот претседател Доналд Трамп, како и Комитетот за национална поддршка на Републиканската партија, собраа повеќе од 212 милиони американски долари во првите три месеци од годината, јави Си-Ен-Ен.
Светска здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека нема докази дека БЦГ вакцината ги штити луѓето од инфекција со новиот коронавирус.
Во Велика Британија овој месец почнува човечкото тестирањето на вакцина за коронавирусот која ја направи италијанската фармацевтска компанија Адвент-Ирбм во соработка со Институтот Џенер, кој е дел Универзитетот Оксфорд.
Во Шведска во последните два дена регистриран е најмал број на смртни случаи како последица од новиот коронавирус.
Австрискиот министер за здравство Рудолф Ансшобер изјави дека земјата утре влегува во втора, одлучувачка фаза од борбата против новиот коронавирус и ги повика граѓаните да не упропастат се што досега е постигнато во сузбивање на епидемијата.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека тој, а не гувернерите на државите, ќе одлучи кога повторно ќе се покрене економијата на државата.
Воено раководство ќе биде испратено да води болница во Фокшани (округот Вранча, централна Романија), како што беше направено за болниците во северниот град Сучава и во централниот Дева. Тоа го објавија денеска романски медиуми, повикувајќи се на министерот за здравство Нелу Татару.
Податоци од Италија, Шпанија, Франција, Ирска и Белгија укажуваат дека околу половина од смртните случаи во некои европски земји се чини дека се во домови за нега на стари лица. Тоа го објави „Гардијан“, повикувајќи се на студија на академици во Велика Британија.