По делумно преброени гласачки ливчиња на претседателските избори во САД, тамошните медиуми прават проекциите за тоа кој кандидат добил колку електорски гласови, во зависност од тоа во колку сојузни држави победил.
Терористичката ИД презеде одговорност за смртоносниот напад во Виена што се случи синоќа. Тоа се нагласува во соопштението на ИД на нивните канали на Телеграм.
Знамињата на ЕУ беа спуштени на половина копје пред седиштето на Европската комисија во Брисел во знак на солидарност со Франција и Австрија.
Аргентинската фудбалска легенда Диего Марадона ќе остане во болница барем уште еден ден со дијагноза анемија и дехидрираност, изјавија лекари за локалните медиуми.
Полицијата во Париз употреби бибер спреј за да ги растера учениците кои денеска го блокираа средното училиште „Колбер“ во главниот град, во знак на протест против мерките за заштита од Ковид-19.
Бројот на смртни случаи од коронавирус во Италија денеска се зголеми за 353, што е најголема бројка од 6 мај, соопшти италијанското Министерство за здравство.
Бројот на случаи со Ковид-19 во Шведска рапидно се зголемува и ситуацијата е многу сериозна, изјави денеска премиерот Стефан Лофвен, најавувајќи построги препораки за уште три региони.
Белгија почнува да се организира за дистрибуција на идната вакцина против Ковид-19, здравствените работници ќе бидат приоритетни, јави дописничката на МИА од Брисел.
Во период од 90 дена, 1.298 од 4.244 пациенти примени на интензивна нега од 25 февруари до 4 мај не преживеале, се наведува во студијата објавена денескa, во која се вклучени париските болници и здравствените власти.
По терористичкиот напад во Виена, белгиските власти сметаат дека атентат во Белгија е малку веројатен и не го менуваат националното ниво на тревога, јави дописничката на МИА од Брисел.