Русија од 1 до 8 септември ќе одржи воени вежби во Средоземното море во кои ќе учествуваат 25 воени бродови и 30 авиони, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Група граѓани од малиот град Акатлан во централно Мексико, од полициски притвор киднапираше две лица, осомничени за киднапирање деца, и живи ги запали.
Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека работи на организирање на состанок на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Мајк Помпео, на маргините на претстојната седница на Генералното собрание на Обединети нации.
Убиен е репортер на телевизијата Канал 10, соопшти таа медиумска куќа. Хавиер Енрике Родригез Ваљњадарес е осмиот новинар убиен во Мексико од почетокот на годината.
На Европската унија и се потребни стратешки односи, меѓу останатото во сферата на одбраната, со најблиските соседи за да се овозможи поголема стабилност, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.
Претседателот на Русија Владимир Путин, шефот на „Сбербанк“ Герман Греф и Алексеј Милер – шефот на „Газпром“, се на првите места во рејтингот на највлијателните луѓе во земјата, објавен денеска во руското издание на „Форбс“.
Британската Влада има намера да ја забрани продажбата на енергетски напитоци на деца и тинејџери во Англија и најави јавна дебата по тоа прашање.
Земјите од Западен Балкан за ЕУ се претвораат во партнери за прашања на безбедноста, додека порано тие беа разгледувани само како жариште на нестабилност, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност Федерика Могерини при пристигнувањето на втората работна седница на дводневниот неформален состанок на министрите за одбрана на ЕУ во Виена.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека доколку е потребно ќе се организираат „многу пообемни“ од претходно зеднички воени вежби помеѓу САД и Јужна Кореја.
Додека демократите пред изборите во ноември за Конгресот, бараат начин да изнудат разрешување на претседателот, Доналд Трамп ги отвори сите фронтови: со медиуми, соседи, соработници, социјални мрежи, со целиот свет.