Првпат во историјата, на хурурзите во американска болница им е доставен бубрег за трансплантација со помош на дрон.
Северна Кореја го намали обемот на рационираната храна до 300 грама дневно, што е најниско во историјата за ова време од годината, а дополнителните намалувања се видливи по најлошата жетва на деценијата, објави денеска Организацијата на Обединетите Нации.
Германската полиција затвори еден од најголемите сајтови за илегална онлајн трговија во така наречената темна мрежа (Даркнет) и уапси тројца мажи за незаконско управување, соопштија обвинителите.
Француската опозиција бара оставка од министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер, откако тој предизвика нова полемика со неговите тврдења, кои се покажаа дека се лажни за наводниот напад од демонстрантите на болницата Питие-Салпетриер на Први мај, јави дописникот на МИА,
Генералот на американското воено воздухопловство Тод Волтерс положи денеска заклетва како нов врховен командант на НАТО во Европа.
Русија се залага за свет без дрога базиран на строго почитување на конвенцијата за наркотични средства, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Американскиот претседател Доналд Трамп и формално пред Сенатот ја номинираше Кели Крафт за следен американски амбасадор во Обединетите нации. Таа досега беше амбасадор во Канада, на која позиција беше избрана во 2017 година.
Премиерката на Нов Зеланд, Јасинда Ардерн се сврши за нејзиниот долгогодишен партнер, Кларк Гејфорд. Тој ја запросил за време на Велигденските празници, соопшти нејзиниот портпарол Ендрју Кембел.
Обвинител во Саргемин, источна Франција, отвори истрага против европратеникот Флоријан Филипо за вадење на европското знаме од зградата за јавни финансии во Форбах на 1 мај, јави дописникот на МИА.
Циклонот Фани ја погоди Индија, што се смета за најсилна бура во таа земја во последните 20 години.