Владата на новозеландската премиерка Џaсинда Ардерн денеска прогласи „кризна климатска состојба“
Традиционалниот Новогодишен концерт на класична музика во Виена и годинава ќе се одржи на 1 јануари, вообичаено – во 11:15 часот… Поради пандемијата на коронавирус, сѐ уште не се знае дали ќе биде со публиката или не, како што објави Медиумскиот сервис на градот Виена
Меѓународната полициска организација Интерпол денеска предупреди дека меѓународната мрежа на организиран криминал може да се насочи кон новите вакцини против Ковид-19 и да се обиде да вметне во продажба лажни, фалсификувани вакцини
Италија планира да започне програма за масовно бесплатно вакцинирање на населението, пред се на старите лица и здравствените работници, од почетокот на следната година, најави денеска министерот за здравство Роберто Сперанца, пред италијанскиот Парламент
Британскиот министер за здравство Мет Хенкок изјави денеска дека програмата за вакцинација против коронавирусот во таа земја ќе почне следната недела и британските болници се подготвени да ја спроведат
Европската организација за заштита на потрошувачите, „Европотрошувачи“ (Euroconsumers) го тужи „Епл“ во четири земји на ЕУ, барајќи вкупна отштета од 180 милиони евра за намерно влошување на работата на паметните телефони, со крајна цел да ги натера потрошувачите да купуваат нови. Ова го објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на здружението, коешто ги претставува интересите на 1,5 милиони домаќинства
Воведувањето регионални карантини во Италија, односно „црвени зони“ со строги анти-ковид мерки, даде резултати, бидејќи епидемиолошката состојба е подобра, изјави денеска генералниот директор на Одделот за превенција во Министерството за здравство Џовани Реза
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека веста дека британското регулаторно тело ја одобрило употреба на вакцината на Фајзер и Бионтек е „фантастична“ и оцени дека вакцинацијата ќе придонесе за рестартирање на британската економија
Новинарите од белгискиот дневен весник ДХ, кој го обелодени случајот со „ковид оргијата“ на која учествувал конзервативниот европратеник од партијата на Виктор Орбан, стапи во контакт со организаторот на оваа забранета забава во време на рестриктивни мерки поради вирусот
Самјуел Одупитан (23) од населбата Кројдон во Лондон го избодел до смрт Тајлер Рој (24) заради „Бенгал Гучи“ чанта од 800 фунти (890 евра). Сега убиецот се соочува со доживотна казна затвор, откако судот пресуди дека е виновен