Според податоците на „Ворлдометерс“ (worldometers.info) Бројот на инфицирани со новиот коронавирус во светот денеска надмина над 64 милиони.
Организацијата „Прес емблем кампејн“ (Press Emblem Campaign) со седиште во Женева објави дека од почетокот на пандемијата од последици од Ковид-19 во 56 држави починале 489 медиумски работници.
Во денешниот инцидент кога автомобил со голема брзина влета во пешаци во германскиот град Трир, во сојузната покраина Рајнска област-Пфалц, загинаа најмалку четири лица, а 15 се повредени.
Авганистанските воени хеликоптери убиле две деца на возраст од 10 и 12 години и раниле уште најмалку две, додека две други се водат за исчезнати, во бомбардирање на едно село на истокот од провинцијата Газни, соопштија денеска регионални официјални претставници.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека Москва тешко ќе го прифати барањето на новоизбраната претседателка на Молдавија, Маја Санду, за повлекување на руските мировни сили од Транснистрија (Придњестовска Молдавска Република).
Руди Џулијани, личниот адвокат на Доналд Трамп, побарал потврда за помилување од претседателот, во случај да биде обвинет откако Трамп ќе ја напушти Белата куќа, јави денеска Њујорк тајмс.
Вработени во руската амбасада во Кабул претрпеле помали контузии во експлозија во близина на автомобилот на нивната дипломатска мисија, јавија руските медиуми.
Во судирите меѓу сомалиските владини сили и припадниците на милицијата ал-Шабаб неделава се убиени 66 лица, јави ДПА.
Изборниот штаб на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп денеска ги оспори резултатите од гласањето на претседателските избори во сојузната држава Висконсин и најави тужба пред Врховниот суд, откако гувернерот на Висконсин, Тони Еверс вчера ја сертифицира победата на Џо Бјаден во таа држава.
Иследниците не гледаат никакви знаци за политички мотив во денешниот напад со возило во пешачка зона во западногерманскиот град Трир, во кој загинаа најмалку две лица,а над 10 други лица се повредени, изјави извор од германските безбедносни служби за ДПА.