Државната болница во Москва денеска ја информира јавноста дека лидерот на руските опозициски протести Алексеј Навални имал негативен тест за присуство на отров во организмот, јави ДПА
Во експлозија на бомба поставен покрај пат, денеска загинаа 32 лица кои се наоѓале во автобус, во авганистанската област Фарах, во западниот дел на земјата
Апелацискиот суд во Британија го отфрли денеска обидот на авиокомпанијата „Бритиш Ервејз“ да го спречи најавениот штрајк на своите пилоти, соопшти синдикатот на пилотите
Најмалку 15 мигранти од Етиопија умреле откако им се расипал моторот на бродот со кој пловеле, па цела недела плутале по отворено море без храна и вода, соопшти денеска Организацијата за мигранти на ОН
Израелската влада, едногласно, доцна синоќа ја одобри понудата за изградба на повеќе од 700 единици за домување на Палестинците на Западен Брег, покрај 6.000 израелски домови, изјави израелски службеник, кој побарал да остане анонимен
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави денеска дека Алијансата засега нема добиено никакво официјално барање за почнување мисија во Ормутскиот теснец
Иранскиот министер за одбрана Амир Хатами изјави денеска дека е „нормално“ неговата земја да тестира ракети во рамки на своите воени активности
Германија го отфрли барањето на САД да учествува во обезбедувањето бродови во Персискиот Залив, изјави вицеканцерот Олаф Шолц, истакнувајќи дека владата е едногласна во одбивањето да учествува во мисијата предводена од САД. Тој потенцира дека впечатокот е дека сите членови на владејачката „голема коалиција“ имаат ист став во однос на тоа прашање
Годишната инфлација во еврозоната е намалена до најниското ниво во последната 1,5 година, пред се, како резултат на послабиот раст на цените на енергенсите и на услугите, покажуваат првичните податоци на Евростат, што веројатно ќе ги засилат пазарните очекувања дека Европската централна банка (ЕЦБ) на редовното заседание, во септември, ќе преземи нови стимулирачки мерки во економијата и инфлацијата, пренесоа западните медиуми
Европскиот производител на авиони „Ербас“ во вториот квартал од годината забележа раст на профитот поради продажба на авионите „А320 нео“